Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Од:

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина во наредните денови и недели, се вели во денешното соопштение од Елисејската палата, откако францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

„Претседателот Макрон ја повтори решеноста на Франција да ја обезбеди сета неопходна поддршка. Тој исто така можеше да ги наведе деталите за испораките за наредните денови и недели како поддршка на воените напори на Украина“, се вели во соопштението.

Неименуван службеник во Елисејската палата одби да прецизира што би можеле да вклучуваат испораките, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски