Франција: Извршена истовремена трансплантација на пет органи

Од:

„Би сакал да јадам стек”, едно е од првите нешта на 26 годишниот пациент што ги побарал од хирурзите кога се разбудил по истовремената трансплантација на пет органи за варење. Операцијата која ја извршиле француски хирурзи траела 12 часа.

Во Франција, тоа е прва операција од ваков вид извршена на возрасно лице , бидејќи хирурзите такви интервенции до сега вршеле замо врз деца.

Претходно, такви зафати се изведени во САД и Италија, а од неодамна и во Бразил.

Се работи за ретка болест дијагностицирана кај овој пациент, кога имал
осум години, што довело до миопатија на дигестивниот тракт, што резултирало со намалување на мускулите и спречување на цревата да функционираат.

Пациентот бил принуден да се храни преку инфузија, а тоа станало невозможно поради оштетување на неговите вени, па операцијата станала итна.

Од млад донатор се добиени сите потребни органи – црн дроб, панкреас, желудник, дуоденум и тенко црево, а трансплатирана е и слезината.

Годишно може да се извршат околу 10 операции од ваков вид.

Хирурзите се задоволни со извршената интервенција, иако постои голема опасност од отфрлање на трансплантираните органи.

Успех, како што велат лекарите ќе биде кога младиот човек ќе почне да јаде, иако за стек сепак ќе мора да почека до крајот на јануари, кога ќе може да се храни преку устата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз