Франција испрати 33 тони хуманитарна помош за Украина

Од:

Франција испрати 33 тони хуманитарна помош во Полска за да им помогне на Украинците, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, а повеќе од 30 тони материјал, исто така, ќе заминат за Молдавија на почетокот на неделата, јави дописникот на МИА.

-Веќе испративме 33 тони помош во Полска, каде што илјадници украински бегалци избегаа по инвазијата на нивната земја од Русија, изјави министерот, на ТВ ФРанс2.

Според него, станува збор за шатори, лекови, храна, сè што им помага на луѓето да бидат пречекани во најдобри услови.

„Повеќе од 30 тони хуманитарна помош, исто така, ќе заминат на на почетокот на неделава за Молдавија, изјавија од опкружувањето на министерот .

Два авиони со лекови, според министерот, исто така треба да пристигнат во Полска во вторник.

Франција денеска треба да поднесе нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН „со цел да се гарантира непречен хуманитарен пристап, за да се задоволат итните потреби на населението што остана во Украина“, нападната од Русија, соопшти синоќа Елисејската палата.

Според проценката на ОН, Европската унија мора да се подготви за хуманитарна криза од „историски размери“ во Украина, која би можела да резултира со повеќе од седум милиони внатрешно раселени лица доколку продолжи офанзивата на Русија.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ