Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“

Од:

Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор.

Слично ажурирање на веб-страницатаденеска „формално го обесхрабрува“ какви било патување во Белорусија. Министерството соопшти дека „повеќето европски авиокомпании, вклучително и Ер Франс“ ги суспендираа линиите кон и над Русија почнувајќи од денеска навечер поради затворањето на нејзиниот воздушен простор на ЕУ за руските авиони и авиокомпании.

Поради зголемените ограничувања, француското Министерство за надворешни работи препорача Французите „кои минуваат низ Русија (туристи, посетители, студенти, професионалци на работни патувања) да направат аранжмани да ја напуштат земјата без одлагање преку постоечките воздушни врски“.

„Исто така, препорачливо е да се одложи секое патување во Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина