Франција и Португалија поради Сноуден го пренасочија авиониот со кој патуваше Ево Моралес

Од:

Боливискиот министер за надворешни работи, Давид Чокуехуанка изјави дека авионот, со кој боливискиот претседател Ево Моралес се враќал во Боливија од Москва бил пренасочен кон Австрија, откако Франција и Португалија одбиле да му одобрат да мине низ нивниот воздушен простор, поради сомневањата дека во него се наоѓа Едвард Сноуден.

Чокуехуанка изјави дека Сноуден не бил во авионот и изрази зачуденост од „неправедното однесување“ кон боливискиот претседател.

edwardsnowdenapp

Министерот истакна дека Франција и Португалија наеднаш ги промениле одлуките за одобрување за премин преку нивниот воздушен простор, повикувајќи се на технички причини.

Боливиските власти сметаат дека сепак ваквата постапка е последица на сомневањата на Париз и Лисабон дека во авионот бил поранешниот соработник на ЦИА и НСА, кои од САД е обвинет за шпионажа.

Моралес, кој беше во посета на Русија, изјави претходно дека Боливија ја разгледува можноста да му додели политички азил на Сноуден.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска