Франција и Германија ја осудија нуклеарната проба на Северна Кореја

Од:

Претседателот на Франција Франсоа Оланд остро ја осуди последната нуклеарна проба на Северна Кореја и изјави дека со своите партнери во Советот за безбедност на Обединетите нации ја разгледува можноста за соодветен одговор.

– Франција повторно бара од Северна Кореја да се придржува кон меѓународните задолженија и да без одложување целосно да ја прекине својата нуклеарна програма, истакна Оланд.

Тој посочи дека Северна Кореја треба да се воздржи од секакви натамошни активности кои би можеле да ги зајакнат тензиите во регионот.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле исто така остро ја осуди нуклеарната проба и изјави дека меѓународната заедница треба да размисли за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг.

– Министерот за надворешни работи остро ја осудува нуклеарната проба во Северна Кореја, како уште едно грубо нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он