Франција го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа

Од:

Франција денеска од Финска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа, на состанокот во Хелсинки на кој присуствуваа 30 министри за надворешни работи на земјите членки на оваа најстара паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На состанокот претседателот на Комитетот на министри во заминување, шефот на финската дипломатија Тимо Соини ги претстави резултатите од претседавањето на Финска, меѓу кои како едно од најзначајните постигнувања е останувањето на Русија во Советот на Европа, спор која беше надминат токму на заседанието во Хелсинки.

Потоа, францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Монтшалин пред Комитетот на министрите ги претстави приоритетите на француското претседавање за следните шест месеци.

Главните цели на француското претседавање се зачувување и зајакнување на европскиот систем за заштита на човековите права, изградба на Европа која зближува и обединува, промовирање еднаквост и соживот, како и прилагодување на Советот на Европа на современите текови, преку давање одговори на новите предизвици за човековите права и владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и дигитализацијата и вештачка интелигенција.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји