Франција го помина прагот од милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи

Од:

Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а притоа се откриени нови рекордни 42.032 случаи на заразени.

Епидемијата на коронавирус синоќа во Франција го надмина прагот од еден милион случаи откриени од почетокот на епидемијата, крајот на јануари 2020 година. Оттогаш, според здравствените податоци на Министерството за здравство, издадени се 1.041.075 позитивни тестови.

Во моментов се хоспитализирани 15.008 лица, од кои 2.441 на интензивна нега.

Од ноќеска на полноќ, полицискиот час ќе се прошири на додатни 38 департмани и Полинезија.

Генералниот директор на Париските болници (АП-ХП), Мартин Хирш смета дека е „можно“ „вториот бран“ во Франција „да биде полош од првиот“, нагласувајќи дека ситуацијата е „застрашувачка за секој од нас”. Осврнувајќи се на просечно 30.000 случаи на ден, Хирш тврди дека „реалноста е многу поголема, тоа се оние што ги откриваме“.

Според неговата проценка, „има многу позитивни, контаминирани луѓе кои се на улица без да го знаат тоа и без никој да го знае тоа, веројатно три пати повеќе“ од овие 30.000 случаи.

„Ноември ќе биде тежок месец. Следните недели ќе бидат тешки, а бројот на жртвите ќе продолжи да расте. Денешните нови случаи се утре болнички пациенти“, предупреди премиерот Жан Кастекс.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски