Франција го поддржа повикот МКС да врши истрага на злосторства во Сирија

Од:

Франција го поддржа повикот на меѓународната анкетна комисија за Сирија Советот за безбедност на ОН да се обрати до Меѓународниот кривичен суд (МКС) за покренување кривична постапка против извршителите на воени злосторства во Сирија.

– Франција го поддржува повикот на меѓународната анкетна комисија за обраќање до МКС од страна на СБ на ОН за судење на сторителите на најтешките злосторства во Сирија, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Филип Лалио.

Според него сите виновни, без исклучок, ќе треба да одговараат за своите дела во откриените од анкетната комисија злосторства во Сирија.

Во понеделникот Анкетната комисија за Сирија објави нов извештај во кој се осудува ескалацијата на насилствата. Тој содржи список со имиња на криминалци кои треба да бидат изнесени пред суд. Според податоците на ОН во судирите во Сирија досега животот го загубиле на 70.000 лица.

Одлуката за поднесување барање до МКС зависи од СБ на ОН, кој е поделен меѓу западните земји и сојузниците на сирискиот режим Русија и Кина, кои на три пати ставаат вето на предло-резолуциите за санкции против Дамаск.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз