Франција ги заострува мерките за безбедност на јавни места поради џихадистички закани

Од:

Франција ќе ги заостри мерките за безбедност на јавните места и во транспортот поради џихадистички закани, соопшти Елисејската палата.

Француското претседателство ја изрази подготвеноста на земјата да обезбеди поддршка за државите, кои тоа ќе го побараат во борбата против тероризмот.

Франција ја зголеми поддршката за сириските опозициски сили, кои се судираат со џихадистичките групи.

Соопштението беше објавено по седницата на францускиот Совет за безбедност под претседателство на Франсоа Оланд денеска – ден по поставувањето на Интернет на видео запис со обезглавување Французин, киднапиран во понеделникот во Алжир од исламистичка фракција, поврзана со „Исламска држава“.

Грабнувачите и дадоа ултиматум на Франција да ги прекине воздушните напади во Ирак врз позиции на џихадистичката организација – барање кое Париз одби да го исполни.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата