Франција ги зајакна безбедносните мерки по експлозиите во Бостон

Од:

Франција, која е изложена на терористичка закана од почетокот на воената интервенција во Мали итно ги зајакна полициските патроли низ земјата и ги повика граѓаните на внимателност по експлозиите во Бостон.

Превентивни мерки за безбедност се преземаат во сите јавни објекти на повик на Министерот за внатрешни работи Мануел Велс, упатен кратко по нападите на Бостонскиот маратон.

Две моќни експлозии одекнаа речиси истовремено на околу 100 метри една од друга пред целта на Бостонскиот маратон. Најмалку три лица загинаа и над 140 се повредени, од кои најмалку 17 се во критична состојба.

Претставник на Белата куќа кој побарал анонимност изјави дека експлозиите се третираат како терористички акт. Истрагата ја презеде ФБИ.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски