Франција е подготвена да прими бегалци од Ирак

Од:

Франција би можела да прифати стотици, па дури и неколку илјади бегалци од Ирак загрозени од Исламската држава, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус, јавува дописникот на МИА од Париз.

 – Најнапред е потребна е борба, отпор, да се успее да се надмине тој противник, но има  случаи кои можат да бидат прифатени во Франција или во други земји, изјави францускиот министер за надворешни работи во утринското интервју за РМЦ и БФМ ТВ.

Според Фабиус нивниот број е стотици, а можеби и неколку илјади лица.

 – Ние ќе ги привилегираме оние кои имаат директни врски со Франција, за да се олесни нивното вклучување во општетството, рече тој.

Во вчерашното интервју за париски „Ле Монд“, претседателот Франсоа Оланд, кој дава предност на опцијата христијанското малцинство да остане да живее во Ирак, „бидејќи тоа е нивната земја“, изјави дека околу 8000 Ирачани, посебно христијани, поднеле барања за да добијат азил во Франција.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер