Франција e eвропски лидер според измамите со банкарски картички

Од:

Франција е европската земја со највисока стапка на измами со банкарски картички, иако Велика Британија е земјата каде износот од измамите со банкарските картички е најголем, јавува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на констатацијата на францускиот издавач на финансиски информатички програми Фицо.

Според студијата изработена од Еуромонитор за 2013 година, износот на измами во 19 евроспки земји достигнал 1,55 милијарди евра, вклучувајќи ја и Русија.

Стапката на измами со банкарски картички е најголема во Франција во однос на загубите поврзани со измамите и вкупниот волумен на трансакции. По неа следат Грција и Велика Британија.

Студијата, исто така, покажува зголемување на измамите во 2013 во споредба со 2012 година за еден отсто, додека во Велика Британија износот на загуби предизвикани со измамите се зголемил за 16 отсто и достигна 450 милиони фунти, што претставува највисоко ниво од 2008 година.

„Откако Франција беше меѓу првите земји во Европа и светот што воведе банкарски картички со електронски чипови, со ПИН кодови место магнетни ленти, денеска таа треба да се бори со крадење на идентитетот на сопствениците на картичките. Всушност крадење на идентитетот претставува дури 66 отсто од измамите во Франција“, нагласува Фицо.

Во текот на 2013 година десет земји забележаа зголемување на измамите во споредба со 2012 година, посебно Норвешка за 78 отсто, Чешка за 6,3 отсто и, пред се, Русија за 28 отсто. Девет други земји не забележаа промени, додека некои како Шпанија, Холандија или Германија забележаа дури намалување на измамите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата