Франција доби закон за постапка за импичмент на претседателот

Од:

Уставниот совет на Франција денеска усвои закон со кој се предвидува постапка за импичмент на претседателот во случај на тешко нарушување при извршувањето на својот мандат.

Во законот се предвидува можност за покренување постапка за ослободување од должност на претседателот на Републиката од Врховен суд, составен од двата дома на парламентот, во случај на неисполнување на обврските и видлива некомпатибилност со извршувањето на својот мандат.

Механизмот се активира од 10 отсто од сенаторите или 10 проценти од пратениците, што потпишуваат резолуција. Еден од двата дома на парламентот добива предлог за седница на Врховен суд со двотретинско мнозинство. Предлогот веднаш треба да биде поднесен и до другиот дом, што исто така треба да го прифати.

Претседателот продолжува да не носи кривична одговорност за време на својот мандат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм