ВИДЕО: Хјустон погоден од катастрофални поплави

Од:

Градот Хјустон и неговата околина се погодени од катастрофални поплави, како последица од ударот на урагант Харви што од Мексиканскиот Залив навлезе на копно, погодувајќи низа градови во американаката сојузна држава Тексас, јавува центалната метеоролошка агенција на САД.

Локалните медиуми јавија дека досега пет лица ги загубиле животите во поплавите, но дека други илјада биле спасени, но засега нема потврда од властите за билансот на загинати и повредени од ураганот.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека сега, по Харви поплавите се најглемата закана за луѓето, при што Хјустон се посочува како најтешко погоден град.

Досега поројните дождови, проследени со силен ветер, наврнаа во висина од половина метар, онеспособувајќи го центарот на овој милионски град, како и градското метро.

Метеоролозите предупредуваат дека врнежите ке продолжат „до средината на следната недела“ до висина од еден метар.

Поплава се заканува и во повеке градови од југот и средишниот дел на оваа американска сојузна држава.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД