Фотографија од аеродромот во Истанбул која го обиколи светот

Од:

Терористичкиот напад на најголемиот аеродром во Турција е главна вест во светот, но и тема на социјалните мрежи каде најмногу се споделува една потресна фотографија.

Таа е направена веднаш по нападот, а на неа е еден маж кој трча и во рацете носи девојче сето во крв.

Во заднина се гледа такси, а како што пренесоа медиумите, таксистите цела вечер бесплатно ги превезувале ранетите во болница. Најверојатно фотографијата е направена пред влез на болница каде мажот трча со девојчето во раце за да и го спаси животот.

Портпаролот на полицијата во Истанбул кажа дека има многу жртви и уште не може да се каже точниот број.

Би можело да ве интересира

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Со возило прегази осуммина пешаци – можен терористички напад во Израел

А1он

ВИДЕО: Саудијците предупредувле за напаѓачот од Магдебург, Германија игнорирала

Катерина Ѓуровски