Спасувачките тимови во северозападниот колумбиски град Медељин денеска трагаат по 11 лица кои исчезнаа кога се урна повеќекатна зграда, која претходно по налог на експерти беше евакуирана.
Шефот на службата за управување со катастрофи Хаиме Гомес изјави дека се уште има надеж дека исчезнатите ќе бидат пронајдени живи, бидејќи зградата се урнала во текот на ноќта.
Околу 150 лица учествуваат во спасувачката акција, во еден од најлуксузните квартови во вториот по големина град во Колумбија.
Гомес рече дека во петокот било утврдено дека постои опасност зградата од 22 спрата да се урне и препорачана е евакуација, со што е спречена поголема несреќа.