ФОТО: Убиениот карикатурист го предвиде терористичкиот напад во Париз

Од:

Познатиот карикатурист Стефан Шарбоние наречен Шарб пред неколку дена објави карикатура во „Шарл Ебдо“ која како да го предвидува нападот.

На карикатурата се гледа еден исламист кој вели: „Уште нема терористички напад во Франција? Чекајте! Имаме време до крајот на јануари да ви испратиме честитки“.

Шарб загина во денешниот напад во редакцијата.

Списанието „Шарли Ебдо” (Charlie Hebdo) е сатиричен француски неделник, силно анти-религиозен и со левичарски идеи. Во него публикациите претставуваат жестока сатира над крајната десница, религијата, политиката, модерната култура.
„Шарл Ебдо” е дел од вековната традиција во француската публицистика, која датира од скандалозните памфлети кои ја осудуваат Марија Антоанета во пресрет на Француската револуција.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен