Кенијската војска во две операции убила повеќе од 100 припадници на радикалната исламистичка група Ал Шабаб од Сомалија, која ја презеде одговорноста за исчезнувањето на автобус на север на Кенија и убиство на 28-те патници.
Кенијскиот потпретседател Вилијам Руто соопшти дека вооружените сили извршиле две операции во Сомалија и дека е уништена опремата и кампот, во кој таа екстремистичка група го планирала нападот на автобусот.
Во своето обраќање до јавноста тој рече дека Кенија е мета на меѓународни терористички групи меѓу, кои и на сомалиската Ал Шабаб која што е поврзана со Ал Каеда.
Портпаролот на Ал Шабаб изјави дека нападот на патниците во автобусот е знак за одмазда за низата рации кои ги извршиле безбедносните сили во џамиите во градот Момбас.
– Нашата порака е јасна, можете да нападате невини цивили, но за секој напад на Кенија и нејзиниот народ ние ќе ве гониме каде и да отидете – рече Руто, пренесе „Асошиејтед прес“.
Тој коментирајќи ги рациите во џамиите наведе дека местата за молитва се претворени во центри за вооружување и планирање на терористички напади.
Инаку кенијските власти соопштија дека припадниците на Ал Шабаб го грабнале автобусот на околу 50 километри од Мандера, ги издвоиле патниците кои што не се муслимани и ги убиле.
Е. Г.