Најмалку две лица загинаа, а стотина се повредени кога тајфунот „Сулик“ го погоди денеска Тајван.
Тајфунот носел покриви на куќи, многу улици се закрчени од паднати дрвја, а одделни се поплавени.
Локалните медиуми известија дека 8.000 се евакуирани од своите домови пред налетот на тајфунот и оти на територијата на целиот остров е прогласена „состојба на готовност“.
За тајфунот „Сулик“ се подготвува и Кина во која се евакуирани над 300.000 лица, а по должината на целиот југоисточен брег се распоредени 5.500 војници со цел да помогнат во спасувачките напори.
Кина им нареди на рибарските бродови да се вратат во пристаништата и ги запре бродските линии кон Тајван.
Тајфунот ќе помине и во близина на јапонскиот остров Ишигаки и Мијако.