Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг беше одбележана со судири меѓу полицијата и демонстрантите против политиката на режимот во Пјонгјанг.
Демонстрантите мавтаа со знамињата на Јужна Кореја и САД. Немирите избија во непосредна близина на местото каде што се одржа церемонијата на отворањето на Олимписките игри.
Јужнокорејските демонстранти носеа транспаренти со кои го повикуваа американскиот претседател Доналд Трамп да го нападне нивниот сосед.
„Г. претседателе, ве молиме, бомбардирајте ја Северна Кореја“, беше еден од насловите што можеа да бидат прочитани на подигнатите постери.
На протестот се палеа севернокорејски знамиња и фотографии на лидерот на Пјонгјанг, Ким Џонг-ун, непосредно пред почетокот на церемонијата.