ФОТО: Стотици илјади хомосексуалци се собраа во Сао Паоло

Од:

Стотици граѓани се собраа вчера во бразилскиот град Сао Паоло на една од најголемите геј паради на светот.

Тие ја повикаа власта во Бразил да донесе закон против дискриминација на ЛГБТ популацијата.

-Се додека има вакви предрасуди ќе бидеме на улиците. Се бориме против различни видови на предрасуди, расизам и хомофобија. Овде сме за да покажеме дека не има во голем број -рече актерот Валдер Бастос.

Гувернерот на Сао Паоло, Хералдо Алкмин вети дека ќе обнови една историска куќа во авенијата, по која се движи парадата и ќе ја направи геј-музеј.

gejSaoP

Активистите и организаторите наведоа дека премногу доцни законот кој би забранил дискриминација на лезбејките, геј паровите, бисексуалците и трансродните лица.

Тие порачаа дека криминализацијата на искажување дискриминација против геј паровите ќе го намали насилството против припадниците на ЛГБТ популацијата.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф минатата година покрена акција за основање центар, кој би ги промовирал и бранел правата на овие лица, а вчера во порака на својот профил на „Твитер“ ги потсети луѓето на СОС линиите по пат на кои може да пријават злосторства од омраза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата