ФОТО: „Шарли Ебдо“ ги исмејува сите религии, не само исламската

Од:

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, во чија што редакција вчера беа убиени 10 новинари и двајца полицајци, а повредени повеќе лица, не се занимаваше само со критика на радикалниот ислам, туку со сите религии, па и со нерелигиски радикални ставови.

10928014_10205721871991974_1746257617_n

– Каде би бил светот доколку би се почитувале сите вери- рече Филипе Вал, уредникот на сатиричниот неделник,„Шарли Ебдо“ на познатото судење во Париз пред осум години, кога исламски организации бараа високи казни и забрана за овој медиум. Токму смислата за светостите е главното мото на овој неделник кој дејствува од 1969 година, а кој има цврсти антирелигиски ставови, во кои ги исмева радикалните ставови на исламистите, христијаните и евреите, но и угледните француски и светски личности, претставници на власта, полицијата, екстремната десница, политичарите, главно сите.

10922244_10205721871671966_1272624819_n

Со години оваа редакција беше критикувана поради тоа, но сепак не се откажа од својата уредувачка политика и покрај тоа што Франција мораше да затвори свои амбасади поради сатиричните текстови.

10917772_10205721872031975_50160945_n

-Не бараме од стриктните муслимани да го читаат „Шарли Ебдо“, како што и ние не одиме во џамија за да слушаме говори кои се против се во што веруваме- порачаа уредниците пред три години.

10917642_10205721871751968_717492665_n

Инаку доста често покрај пророкот Мухамед, тие ги исмејуваа и Исус, и папата, за што сведочат низа насловни страни. „Шарли Ебдо“ со години отворено ги исмева сите религии, а испрати и јасна порака дека Свети крави всушност ги нема.

10913592_10205721871831970_1487278307_n

– Долколку се запрашаме дали имаме право или не да цртаме карикатури на Мухамед и дали тоа од овие или од оние причини е опасно или не, ќе се наметне прашањето можеме ли во неделникот воопшти да пишуваме за муслиманите, а потоа и со останатите и ќе завршиме така што за никого нема да пишуваме, а екстремисти ќе победат во Франција и светот- изјави главниот уредник на „Шарли Ебдо“ пред една година.

10912823_10205721871951973_1466051294_n

Медиумскиот проект од кој израсна „Шарли Ебдо“ започнал 1960 година, кога Жорж Берни и Франсоа Кевен го лансирале списанието „Хара-Кири“, кое што еден од тогашните читатели во писмо до уредниците го нарекол „глупав и злосторен“, што подоцна е усвоено како слоган на неделникот.

10904938_10205721871871971_1221111758_n

„Хара –Кири“ се нашол на удар на цензура уште во 1970 година, кога со сатира ја проследил катастрофата во ноќниот клуб „Цинк“, во која загинале 146 лица.

10893551_10205721872071976_781707979_n

Неделникот во таа пригода се осврнал на сензационализмот на медиумите и предизвикал цензура, која ја наредил тогашнит министер за надворешни работи.

10877766_10205721871711967_926469360_n

Овој неделник денес редовно ги забавува Французите со своите бунтовнички левичарски настроени статии, насочени кон радикалната десница и религиските фанатици.

10921948_10205721871911972_2128651649_n

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен