ФОТО: Пожар во Претседателската палата во Рига

Од:

Силен пожар избувна мината ноќ во Претседателската палта во летонскиот главен град Рига.

Портапролот на противпожарната служба во Рига, Викторија Шембеле, соопшти дека по неколкучасовна борба пожарникарите утрово успеале да го локализираат огнот.

riga-palata-pozar2

Таа информира дека при гаснењето на пожарот, пожарникарите се соочиле со недостиг на вода, што било и причина за одолговлекувањето на акцијата.

Според Шембеле, при пожарот е повреден еден пожарникар.

riga-palata-pozar1

Огнената стихија иништила околу 3.200 метри кавдратни од Претседателската палата, при што се оштетени и експонати во Националниот историски музеј, кој е сместен во дворецот.

Причините за пожарот засега не се познати.

riga-palata-pozar

Поради реконструкција на палатата, која започна лани во октомври, кабинетот и резиденцијата на летонскиот претседател Андрис Берзинш времено се пренесени на друга локација.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац