Позирањето е неизоставен дел од занимавањето со политика, но некои фотографии дипломатите сепак би сакале да се заборават.
Поздравување. Напнати преговори. Достоинствено држење во беспрекорна формална облека. Тоа се ситуации во кои сме навикнале да ги гледаме Владимир Путин, Ангела Меркел и Барак Обама.
Сепак, објективот на камерата повремено ги снима најмоќните луѓе на планетата во пози кои не се толку убави, пишува „Блиц“.
Колку и да се обидуваат да изгледаат смирено, професионално и со почит, доволно е само еден поглед на фотографијата за вистината да исплива на површина.
И оваа година во медиумите се појавија неколку комични сцени кои на голема жал на политичарите почнаа да се вртат по социјалните мрежи, каде станаа предмет на подсмев.
Есенскиот ветер не му даде мир на папата Франциско во текот на обраќањето во Ватикан, но сепак не го спречи да го заврши говорот.
На претседателот Франсоа Оланд после посетата на Казахстан корисниците на Твитер му дадоа нов прекар – Борат од Франција.
Киселиот израз на лицето на Владимир Путин не соодетствува со „пријателскиот допир“ кој го упати на американскиот претседател Барак Обама.
Првата средба на лидерот на Јапонија и Кина после две години е означена како „историска“, но Шинзо Абе и Си Џинпинг не беа посебно воодушевени.
Премиерот на Австралија, Тони Абот се пофали со фактот дека неговиот јапонски колега носи чизми од австралиски произведувч.