ФОТО: Папата ја одби лимузината

Од:

Откако е избран за новиот поглавар на Католичката црква, папата Франциск одби да се вози во лимузината, и наместо луксузен автомобил тој се возеше во минибус заедно со останатите кардинали.

Имено, Папата Франциск е познат по користење на јавниот превоз, автобуси и подземни метроа.

papa-bus

По вчерашната прва миса откако е Папа, Бергоглио денес ќе ги прими кардиналите, а неговата инаугурациска миса, со која станувам римски архиепископ, ќе се одржи во вторник.

„Можеме да одиме како што сакаме, но без Исус никаде нема да стигнеме. Што се случува кога не градиме на камен? Истото што се случува кога децата градат кули од песок на плажа. Се рушат. Продолжете да одите во присуство на Господинот. Господинот е светло. Чекорете, градете, исповедајте се. Се надевам дека ќе имаме храброст да чекориме заедно со Господинот, со крстот на Господинот и ќе ја обновиме Црквата“, рече папата во својата прва миса.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска