Овие активни вулкани на палнетава, би можеле да убијата илјадници луѓе, да загадат големи територии и да предизвикаат кисели дождови.
Ојама, Јапонија
Во тек на 2000 година, имаше ерупција на планината Ојама, која создаде јаки токсични гасови поради што во наредните четири години беше забранет пристап на островот Мијакеџи. Дури и денес жителите на овој остров носат маски, бидејќи ширум островот се огласува аларм кој предупредува дека нивото на сулфур во воздухот е превисок.
Везув, Италија
Познатиот вулкан кој ја избриша Помпеја се уште е активен. Меѓутоа во негова близина се уште живеат околу 3 милиони луѓе, што и не е најпаметно со оглед на фактот дека вулканот имал неколку ерупции.
Тал, Филипини
Овој вулкан е еден од најопасните на светот, а се проценува дека до сега убил околу 6.000 лица. На посетителите им се препорачува да се наоѓаат на поголема одалеченост додека го набљудуваат.
Јелоустонска Калдера, САД
Националниот парк Јелоустон во себе крие и една застрашувачка тајна, бидејќи тука се наоѓа супер-вулкан кој произвикува неколку пати појака ерупција од останатите вулкани. Експертите сметааат дека во првиот налет од него би можел да загинат дури 87.000 лица.
Мерапи, Индонезија
Дури 300 дена во тек на една година, може да се види како излегува чад од овој азијски вулкан. Во тек на 2010 година, ерупцијата на овој вулкан траеше цел месец.
Сакураџима, Јапонија
За неговото постоење светот дознал во 1914 година, кога од него започнало да излегува лава. Лавата била толку голема, па островот го составила со тлото на Јапонија.
Улавун, Папуа Нова Гвинеја
Најголема закана за локалните жители е уривање на овој вулкан, кое би можело да се случи во тек на ерупција, бидејќи тој е многу висок.
Попокатепетл, Мексико
Иако ова не е највисокиот врв во Мексико, сепак е најопасен. Последната голема ерупција на овој вулкан е забележана во 1947 година, а од 1994 година се случија осум помали активности, поради што повеќе од 4.000 лица беа принудени да се евакуираат.
Мауна Лоа, Хаваи
Иако лавата од овој вулкан тече можеби побавно, лизгалиштето кое настанува по ерупцијата доведува до силни замјотреси и мегацунами.
Њирагонго, Конго
При последната ерупција на овој вулкан, односно во 2002 година загинаа 147 луѓе.
Галерас, Колумбија
Првата регистрирана ерупција на овој вулкан се случила во далечната 1580 година, додека најновата се случи во 2010, кога 8.000 лица беа принудени да се раселат.
Е. Г.