ФОТО: Овие момчиња ќе донесат мир помеѓу Палестина и Израел

Од:

Фотографијата на двете момчиња Харша и Ајмен, го заобиколи светот по пат на „Твитер“.

Луѓето кои ја објавија сликата од Палестинецот и Израелецот сакаат да испратат порака со надеж за мир на Блискиот исток, но сепак многумина се сомневаат дека зад неа се крие нешто што многумина не можат да го забележат.

Имено овие две момчиња се сретнале за време на протестот на Тајмс Сквер во Њујорк. Еврејското момче и припаѓа на групата ултраортодоксни верници кои веруваат дека создавањето на Израел е безбожно или предавство.

Фотографијата е направена на протести кои ги организирала палестинската коалиција, а меѓу присутните е и „Нетуреи Карта“, ортодоксен еврејски огранок, кој сака Израел да се избрише од картата на светот, бидејќи пред доаѓањето на еврејскиот Месија на Евреите им било забрането да имаат своја држава.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица