ФОТО: Ова се најдобро обезбедени места на планетава

Од:

Безбедноста е една од клучните работи за човештвото. Моќните држави во светот посветуваат големо внимание за овој проблем, додека има и такви кои на сите можни начини се обидуваат да извршат упад во безбедносните системи и да дојдат до строго чуваните податоци. Ова се некои од местата со максимално обезбедување:

Думсдеј сид трезор во Свалбард


Кога светските лидери и научници сфатиле дека одредени научно-фантастични сценарија, би можело да се претворат во апокалипса, дошле до идеја да направат специјален трезор, со кој човештвото повторно би можело да застане на нозе. Тој се наоѓа на еден остров во Северно море, а во него има повеќе од 250 милиони семиња. Местото е толку обезбедено што дури и топењето на ледот, не би можел да му нанесе штета.

Форт Нокс

Станува збор за едно од најобезбедените места на планетава. Според последните проценки се претпоставува дека тука се сместени повеќе од илјада тони злато. Меѓутоа тоа не е единствената скапоценост, бидејќи во него се наѓаат и вредни историски артефакти, како Магна мапите и американската Декларација за независност. Она што го прави недопирливо е златниот свод, кој се наоѓа под него, каде што се поставни шифрирани врати од 22 тони, отпорни на експлозив. Инаку шифрата им е позната само на десет лица.

Планината Чејен

Овој комплекс е изграден за време на Студената војна и бил центар на Командата на воздухопловната одбрана на Северна Америка. Тунелот е заштитен со гранит, а во самиот комплекс постојат и одделни згради, чии што ѕидови можат да апсорбираат напад со електомагнетен пулс, кој би можел да го уништи компјутерскиот систем.

Област 51

Иако можеби не верувате дека постојат НЛО објекти и теории на завери, кои се однесуваат на вонземјаните, најверојатно барем некогаш сте слушнале за Област 51. Целата фама во врска со оваа база, е во тоа што таа не може лесно да се пронајде. Во нејзината околина забранет е дури и воздушниот сообраќај.

Тајна гробница на Мормонската црква

Она што е интересно во врска со оваа гробница е тоа што поради големата таинственост само неколку луѓе знаат за неа. Според претставниците на оваа црква, тука се наоѓаат геолошки и историски записи. Многумина тврдат дека во нејзината внатрешност има посебни сензори за движење и топлина, а се е опремено така што може да им одолеее и на разорните земјотреси.

Банка на Сојузните резерви во Њујорк

Со оглед на тоа што во оваа зграда се наоѓаат дури 25 проценти од светското злато, сосема е јасно дека се неопходни големи мерки на безбедност. Оваа зграда се наоѓа на длабочина од 24 метри, под земјата и дополнителни 15 метри под нивото на морето. Околу неа постојано заобиколуваат оклопни возила и добро обучени снајперисти.

Ер Форс 1

Станува збор за службениот авион на американскиот претседател, а посебно е импресивен поради тоа што во него има 85 телефони, радио станица, компјутери и 19 телевизори. Авионот има моќ и додека лета да добие гориво. Во леталото се наоѓа и потполно опремена аптека, како и мини операциска маса и лекар кој секогаш патува со претседателот. Авионот е оспособен да лета и низ контаминирани зони, во случај на нуклеарен напад, а многу лесно може и да ги избегнува радарите.

Алкатраз

Zatvor-Alkatraz

Овој затвор беше една од најобезбедените казнени установи во светот, а во неговите ќелии од бетон, претстојуваа најголемите криминалци и терористи. Големата челична врата постои и денес, а голем број чувари се уште го обезбедуваат поранешниот затвор, кој не е во функција од 1963 година. Алкатраз сега служи како голема историска и туристичка атракција.

Гаражата Болд Лејн

Иако станува збор за гаража, таа сепак е едно многу обезбедено место. Доколку сакате да влезете во неа, потребен ви е билет, кој на себе има специјален бар-код. Кога ќе го паркирате авотмобилот, се вклучуваат сензори за движење, кои во секој момент ќе активираат аларм, доколку нешто се случи додека возачот не е тука. Гаражата поседува и систем кој за неколку секунди може да го заклучи целиот објект.

Хевн Ко

Оваа компанија која се наоѓа некаде во Северното море, нуди најдобра заштита за чување на податоци. Меѓутоа до неа можат да дојдат само членовите на британското кралско семејство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ