ФОТО: Ова се 10 бесмислени закони на ЕУ

Од:

Законите некогаш може да звучат многу глупаво, но секогаш постои некоја причина за нив.

Од законот дека бананите треба да имаат одредена големина и ширина и каква светилка ќе користите во својот дом, до тоа да ви биде одредено дури и каква боја на канта за отпадоци ќе користите.

Ова се 10-те бесмислени закони, кои што ги налага ЕУ.

Банана

10276549_10203721749270156_1066037206_n

Според прописите сите банани, кои што ги увезува ЕУ мора да имаат најмалку од 14 сантиметри должина, а 2,7 сантиметри широчина. Овошјето не смее да биде оштетено, ниту премногу зрело. Објаснувањето за овој пропис е во тоа што во продавниците ќе се наоѓа само свежо и здраво овошје. Димензиите во некои случаи навистина се важни, но никому не му е јасно зошто е таков случајот и за бананите. Продажба на храна ЕУ во 2010 година издаде предлог-пропис според кои цените на секој вид храна ќе бидат поврзани со нејзината тежина, а не количина.

Тоа значи дека кога ќе сакате да купите јајца, нема да барате на пример десет јајца, туку во килограми.

Краставички

10311896_10203721749230155_1181760040_n

До пред три години беше забрането да се продаваат краставици, кои имаат прав облик.

Мед

Општо е познато дека повеќето од нас кога ќе здогледаат пчела бегаат од неа, но никој досега не се сетил додека појадува мед, да размислува за неговата електрична спроводливост.

ЕУ одредила дека таа не смее да биде поголема од 0,8 микросименси по сантиметар.

Но, овој закон има малку смисла, бидејќи со микросименси се одредува класификацијата на видот на медот.

Балони

961077_10203721749190154_1167364992_n

Децата кои се помали од 8 години, не смеат да држат балони кои што се наполнети со хелиум, без надзор на возрасно лице.

Штекер

Ако отидете во Велика Британија, Ирска на Малта или Кипар нема да може да го вклучите својот фен за коса, доколку не носите и штекер.

Сијалици

Ова е еден од најспорните прописи на ЕУ.

Имено овој закон е донесен со цел да се заштеди енергијата. Инаку, ниту сијалиците кои се дозволени за употреба не се најдобри за заштита на природата.

10261718_10203721749070151_1995978106_n

Некои од нив содржат отровна жилка, која бара внимателно пакување при фрлање во отпад.

Канта за хартија

Дали некогаш при купување на канта за хартија сте размислувале за нејзината боја? Постојат држави во кои стриктно е одредено во која канта кој отад ќе се фрла, па така во Германија е пропишано таа да биде во сина боја.

Во некои држави е зелена во други жолта, а некаде сметот и не се одвојува.

Семафори

10264862_10203721749150153_73106263_n

Во Стокхолм, Берлин, Рим, Загреб, Лондон, Париз или Варшава, знакот на семафорот за пешаци се разликува. Во Германија на пример, во еден град може да видите голем број различни семафори.

Патување со воз

vozFrancijaAnglija

На пример возење со воз од Талин до Лисабон. На патот ќе тргнете со воз по шини кои имаат растојание од 52,4 сантиметри, но кога ќе пристигнете до Европа ќе мора да преминете во друг воз, бидејќи тие шини имаат растојание од 143,5 сантиметри. Во Шпанија повторно ќе мора да се префрлите во друг воз, бидејќи таму железничките прописи се такви што шините мора да имаат растојание од 167,2 сантиметри и на крај во Португалија повторно мора да го смените возот, бидејќи тука растојанието помеѓу шините е за дури 7 милиметри помало.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ