ФОТО: Ова е куќата во која што израснал Хитлер

Од:

Неколку дена откако американските сили во тек на Втората светска војна го зазеле местото Браунау на Ина, група германски војници се обидела да уништат една куќа во центарот на градот.

Станува збор за домот во кој се родил нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, кој според многумина е најголемиот злосторник во светската историја.

Причината поради која Германците сакале да го уништат овој објект е тоа што тој бил еден вид нацистичко „светилиште“ во тоа време, а кое не сакале никој да го „извалка“.

Американските војници успеале да ги спречат Германците во тој обид и куќата останала недопрена.

hitlerDetstvo1

Андреас Мајслингер, историчар од Инсбрук веќе со години се обидува да ја спроведе во дело својата идеја, куќата да стане импровизиран музеј, училиште и библиотека.

-Бранау на Ина не е местото каде што се случувале залосторствата, тоа е место од каде што злото дошло на свет- изјавил тој.

Три децении куќата ја користела организација која им помага на луѓето со инвалидитет и во неа се организирани работилници и дружења, меѓутоа која кон крајот на 2011 година, градската власт повторно се соочила со проблемот, што да прави со куќата.

-Постојат две решенија. Куќата треба да се урне или од неа да се направи нешто што ќе го спречи секој нацист воопшто и да помисли да влезе во неа-изјавил Грегор Гиси, еден од челните луѓе на Левичарската партија во Австрија.

Инаку според пишувањето на медиумите, жителите на овој град, токму поради тоа што во нивна близина се наоѓа родната куќа на Хитлер се срамат да кажат од каде потекнуваат.

-Кога некој ќе ме праша од каде сум, секогаш велам дека живеам во град во близина на река која тече низ Салцбург, на околу стотина километри од Минхен. Едноставно се срамам да речам дека потекнувам од родното место на Адолф Хитлер – вели еден жител на Браунау на Ина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска