ФОТО: Најмалку седум загинати при железничка несреќа во Франција

Од:

Најмалку седум лица загинаа, a десетици се повредени попладнево кога патнички воз излета од шините во францускиот департмент Есон, јужно од Париз.

Возот во станицата пристигнал со голема брзина и од непозната причина продолжил да се движи, по што неколку вагони се откачиле и се превртеле на перонот.

francetrain1

Возот патувал на линијата Париз-Лимож. Голем број од патниците се блокирани во деформираните вагони.

francetrain2

Француското Министерство за внатрешни работи потврди дека имало железничка несреќа, но не наведе дали има жртви и колкав е нивниот број.

francetrain3 francetrain4 francetrain

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина