(ФОТО) Мексико: 80.000 лица на геј парада

Од:

Во Мексико синоќа се одржа геј парада, на која учествуваа повеќе од 80.000 лица.

Насобраните луѓе носеа транспаренти со натписи како „Мамо јас сум лезбејка“ и „Горд сум што сум трансексуалец“, пренесе агенцијата „Франс прес“.

gejmeksiko1

Мексичката престолнина во 2009 година одобри склопување брак на истополовни парнери и посвојување деца, спротивно на конзервативната политика во таа држава, со мнозинство католичко население.

gejmeksiko

И покрај тоа Мексико е втора држава во Латинска Америка, зад Бразил, по бројот на напади на хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци, соопшти Комисијата за човекови права во Мексико.

gejmeksiko3

Од друга страна, надбискупот на Мексико, Норберто Ривера апелираше за одбрана на традиционалните семејни вредности.

gejmeksiko4

-Ние не ги прифаќаме неприродните деца кои го уништуваат сјајот на семејството-истакна тој во текот на вчерашната миса.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви