ФОТО: Мачор во трка за градоначалник во Мексико

Од:

Еден мачор во Мексико е кандидиран за градоначалник на главниот град на државата Веракруз, Халапе.

Црно-белиот мачор по име Морис во предизборната кампања на гласачите им ветува дека градот ќе го исчисти од глувци, бидејќи тој тоа најдобро го знае и има проверено искуство.

Покрај Морис , кој што е кандидиран од група граѓани, во трката за градоначалник се уште тројца политичари.

Судејќи според популарноста на Фејсбук, Морис има одлични шанси бидејќи од него повеќе лајкови има само еден кандидат.

„Уморни сте од гласање за глувци? Гласајте за мачор!“ е слоганот на Морис, на чија што Фејсбук страна пишува дека и покрај тоа што знае да направи неред, тој сам ќе го затрупа и нема да им остави на другите да чистат по него.

Во случајот да победи тој не би бил првиот бидејќи веќе 15 години градоначалник на еден град на Аљаска е мачорот Стабс.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви