На крајот на втората процесија за покојниот венецуелски претседател Уго Чавес, ковчегот со неговите посмртни останки беше положен во Музејот на револуцијата во венецуелската престолнина Каракас, пренесоа руските медиуми.
Саркофагот од црн мермер е ставен на средина на базен со тркалезна форма и врз камен постамент со форма на цвет. На предниот дел на саркофагот е испишано името на Чавес и годините на неговото раѓање и смрт.
Венецуелското знаме, со кое до овој момент беше покриен саркофагот, привремениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, им го предаде на најблиските на Чавес, кој почина на 5 март по долга битка со ракот.
Првично властите сакаа да го балсамираат телото на Чавес, но во средата самиот Мадуро појасни дека по мислење на научници балсамирањето ќе биде многу тешко, затоа што одлуката за оваа постапка требало да се донесе многу порано. Ова мислење било изразено од руски и германски експерти за балсамирање, кои за таа цел биле пристигнати во Каракас.