На самитот на лидерите на Г-20 изгледа не се зборуваше само за сериозни теми.
На конференцијата имаше и „сеанси на мазење“, па така светските лидери можеа да уживаат „играјќи“ се со симпатични коали.
Австралискиот премиер Тони Абот позираше со Владимир Путин и Барак Обама додека ги држеа овие прекрасни животни, а фотографиите се објавени на Интернет.
И германската канцеларка Ангела Меркел е фотографирана со локалното население во едно кафуле во Бризбејн.