ФОТО: Италијанци ги исмеваат џихадистите

Од:

Лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади одамна најави дека џихадисти ќе го освојат Рим, а тоа деновиве е потврдено и на „Твитер“.

Овие закани предизвикаа загриженост кај италијанските медиуми, но и исмевање кај жителите на италијанската престолнина.

Тие преку „Твитер“ започнаа да им делат добронамерни совети на џихадистите.

Еден ги советува да бидат претпазливи на римската обиколница, каде што многу лесно би можело да останат заглавени во сообраќајниот метеж, додека друг ги предупредува да не доаѓаат со воз, бидејќи тие секогаш доцнат.

Има и такви кои ги предупредуваат дека нема зошто да доаѓаат затоа што Италија е веќе ограбена од домашните политичари, а некои пак им ја искажуваат типичната италијанска гостољубивост и ги нудат со пршута.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата