(ФОТО) Исповед на помошничка на Хитлер: Обожаваше колачи и кришум ги јадеше

Од:

Елизабет Калхамер во далечната 1943 година, се вработила во Бергхоф во Австрија, ни помалку ни повеќе, туку кај тогашниот најголем злосторник на светот, Адолф Хитлер.

Како што неговите најблиски соработници биле запознаени, Хитлер се хранел исклучиво со здрава храна и пиел само топла вода. Но имал и редовни „напади“ во тек на ноќ, кога земал колачи и од специјалниот десерт кој бил подготвуван за него, „Фиреровата торта“.

Според наводите на домашната помошничка, која работела во неговото планинско одморалиште во Баварска, тој станувал околу полноќ и тргнувал во поход на слатки.

Елизабета по 71-годишен молк, решила да открие каков бил животот на диктаторот во одморалиштето. Таа вели дека љубовницата на Хитлер, Ева Браун водела грижа за куќата.

Сите помошнички во кујната знаеле дека имал здравствени проблеми и дека бил на строга диета која ја смислил неговиот личен готвач.

pomosnickaHitler (1)

-Но тој скришум јадеше чоколадни бисквити и колачи со крем -вели Калхамер.

„Фирер тортата“ е всушност колач од јаболко, на која има ореви и суво грозје, кој морало да се пече секој ден и ноќ, за да Хитлер можел да се засладува додека сите спијат.

-Тој ги сакаше слатките, а Ева Браун беше нашата најдобра пријателка- се потсетува помошничката, која што заминала на работа во Фиреровото одморалиште во близина на Берхтесгарден, откако се јавила на оглас за работа.

Таа не знаела дека нејзин работовач ќе биде Адолф Хитлер. Мајка и ја преколнувала да ја одбие работата, но Елизабет која во тоа време била тинејџерка, сметала дека не може да не прифати таква понуда, особено поради тоа што и рекле дека ќе биде благодарна што добила таква работа.

Наскоро сфатила дека „не е дозволено да мисли и зборува во присуство на Хитлер, ниту е дозволено да шири трачеви за него“, иако тоа секако го правела.

pomosnickaHitler (3)

Уште од самиот почеток таа била предупредена дека доколку открие некои детали за Бергхоф, ќе биде казнета.

Била една од 22-те девојки кои биле вработени како помошнички и иако често се наоѓала во друштво на Хитлер , никогаш не разговарала со него. Само на одредени лица им било дозволено да му приоѓаат и да влегуваат во неговите соби.

Работела во пералната и собата за шиење, чистела и му го правела чајот кој обожавал да го пие од порцеланска шолја. Еднаш случајно скршила една шолја и била казнета, немала слободни денови.

-Ева Браун беше добра кон мене. Се однесуваше како господарка на куќата, иако не беа во брак. Ги дизајнираше нашите униформи. За Божиќ ни подари волна, за да можам да сошијам чорапи за мажите на фронтот- вели Елизабет.

Инаку Хитлер покрај тоа што многу ги сакал слатките бил опседнат и од филмовите, поради што имал приватно кино во Бергхоф.

pomosnickaHitler (4)

На послугата и било дозволено да присуствува на проекциите кога имало пропаганден филм со актерот Марик Рок. Но се се променило во јули 1944 година кога пропаднал атентатот на Хитлер.

Елизабет во Бергхоф работела речиси до крајот на војната, се до времето кога резиденциајта била евакуирана поради бомбардирањето од сојузничките сили.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска