Близначките Емји и Кејти Елиот од Ирска немаат ниту година дена, а веќе може да влезат во Гинисовата книга на рекорди, по рекордот во најдолг интервал помеѓу раѓање на близнаци.
Двете сестри се родени со речиси тримесечна разлика. Ејми се родила на 1-ви јуни 2012, додека нејзината сестра дошла на свет 87 дена подоцна, на 27-ми август 2012 година.
Лекарите велат дека никогаш до сега, во својата кариера не виделе нешто слично.
Според пишувањето на медиуми нивната мајка Марија во 23-та недела од бременоста се породила со Ејми. Бебето бидејќи било премногу мало веднаш било ставено во инкубатор.
-Бев уморна по раѓањето на Ејми, но морав да се сконцентрирам за другото бебе. Едното дете ми беше во инкубатор, а другото во стомакот-истакна таа.
Лекарите тогаш ме советуваа да почекам и да се одморам. Осумдесет и седум дена подоцна, во 36-тата недела од бременоста, мајката ја добила и својата втора ќерка Кејти.
-Беа тоа три најтешки месеци во мојот живот-вели малата мајка, која го чекала раѓањето на второто дете за да своите близнички на ист ден ги запише во книгата на родените и покрај тоа што со различни датуми.
Елена Георгиевска