Џиновско, делумно фосилизирано јајце од птица-слон, од изумирачки вид од Мадагаскар е продадено денес на аукција во Лондон, за речиси дупло поголема цена од првобитната проценка.
Аукциската куќа Кристи соопшти дека јајцето, кое што е високо 30 сантиметри и има пречник од речиси 23 сантиметри, е продадено за 101.813 долари на анонимен купувач кој лицитираше преку телефон.
Птицата-слон која што е исребена преку неколку стотици години, беше слична на голем ној и можеше да достигне 3,4 метри височина.
Нејзиното јајце е речиси 100 пати поголемо од просечното јајце од кокошка.
Елена Георгиевска