Во Танзанија постои езеро во кое стотици птици што слетуваат во него завршуваат умрени, а нивните тела остануваат калцифицирани статуи.
Ник Брендт кој често престојува и работи во Африка случајно ги открил овие сочувани птици и лилјаци покрај езерото и ја направил серијата фотографии наречена „The Calcified“.
Животните се фотографирани како што се најдени и сместени во нивната „жива“ положба, пренесува магазинот New Scientist.
Бидејќи е плитко, за време на топлиот период водата во ова африканско езеро брзо се суши и испарува. Она што останува е мешавина од соли и минерали наречена натрон, од каде и доаѓа називот на езерото.
Се претпоставува дека токму оваа мешавина е виновна за калцифицирањето на животните, што ги зачувува нивните мртви тела и остава да наликуваат на статуи.