Американската вселенска агенција НАСА, објави фотографии од прототип на вселенска униформа, која астронаутите би можело да ја носат во текот на првата мисија на Марс.
НАСА им овозможи и на јавноста да избере еден од трите различни дизајни на униформите „З-2“.
Со 63 проценти од гласовите, победата му припадна на моделот „Технолоџи“, кој има светла лента на предниот дел, која пак може да има различен облик за секој поединец, што би помогнало во препознавање на членовите на тимот.
Комплетниот прототип на „З-2“, сепак ќе има некои промени, бидејќи не штити од екстремни температури и радијација, но НАСА тврди дека астронаутите сепак еден ден би можеле да носат некој од неговите елементи.
Е. Г.