ФОТО: Девет изненадувачки факти за Берлинскиот ѕид

Од:

Вчера навршија 25 години од падот на Берлинскиот ѕид, односно градбата, која што беше главен симбол на Студената војна. Германците ширум светот го прославија денот на обединувањето на Источна и Западна Германија.

Клучна грешка

berlinski-zid-06foto-reuters_f

Ѕидот е урнат на 9-ти ноември 1989 година, откако по грешка Гинтер Шабовски, член на источногерманското Политбиро, објавил дека на Германците од Источна Германија ќе им биде дозволен премин во Западна Германија.

Опасна зона

Она што светот го гледаше како Берлински ѕид, всушност беа две бетонски бариери, меѓу кои се наоѓаше простор од 160 метри со стражарски кули, ровови, кучиња чувари, односно опасна зона за оние кои ќе се обидеа да преминат од едната на другата страна.

profimedia0174630340_f

Делови од Берлинскиот ѕид

Ширум светот може да се видат разни делови од Берлинскиот ѕид. Еден дел од ѕидот се наоѓа во машки тоалет во едно казино во Лас Вегас, а писоарите се инсталирани на сегмент, кој што е прекриен со графит. Еден дел од ѕидот се наоѓа дури во Ватикан, а американските медиуми пренесуваат дека за 10 долари преку „И-беј“ може да се купи свој личен дел од ѕидот.

berlinski-zid-1989-x-ap_f

Периодот пред поставување на Берлинскиот ѕид

Масовниот егзодус на Германците од Источна Германија во Западна започнал речиси цели 15 години пред да биде изграден Берлинскиот ѕид. До 1961 година, бројот на жители на Источна Германија се намалил за една шестина.

berlinski-zid-1989-ap_f

Американските претседатели биле фасцинирани од ѕидот

john-f.-kennedy07reutersfoto-ho_hf

Неколку месеци пред атентатот американскиот претседател Џон Кенеди зборувал за важноста на Берлин, кој според својот пример би можел на светот да му ги објасни разликите помеѓу комунистичкиот и некомунистичкиот свет.

Во 1987 година поранешниот американски претседател Роналд Реган му се обратил на советскиот лидер Горбачов и му порачал да го „урне овој ѕид“.

Во 1994 годинаБил Клинтон пред насобраните граѓани во Берлин рекол „Вие докажавте дека ниту еден ѕид со векови не може да и одолее на моќта која што ја има слободата“.

Актуелниот американски претседател Барак Обама во својот говор во 2013 година рече дека фактот што стојат на местото, каде што некогаш градот бил поделен, зборува за вистината дека ниту еден ѕид не може да се спротивстви на желбата за правда, слобода и мир, кои длабоко се вкоренети во срцата на луѓето.

obama-ap_f

Задоцнето заедничко обединување

Официјалното обединување на Источна и Западна Германија се случи речиси по една година, односно на 3-ти октомври 1990 година.

berlinski-zid-godisnjica-ap_f

Улогата на Брус Спрингстин

Според пишувањето на американските медиуми концертот на Брус Спрингстин, одржан во 1988 година во Источен Берлин, го „подготвил теренот“ за уривање на ѕидот.

Тој во тек на концерот и се обратил на публиката со зборовите „Дојдов да свирам за вас, со надеж дека еден ден ќе бидат урнати сите бариери“.

_brus-fonet_f

Славни делови од ѕидот

Некои делови од Берлинскиот ѕид самостојно станаа познати ширум светот.

Најпознатиот контролен пункт наречен „Контролен пункт Ц“ остана запаметен како „Чекпоинт Чарли“ и денес тој претставува туристичка атракција.

Исто така Бранденбуршката капија, која што е изградена во 18-от век на местото каде што почнувал патот од Берлин кон Бранденбург, иако не била дел од Берлинскиот дел, поради својата локација е сметана за дел од ѕидот.

berlin-ap_f

Конечно решение

Берлинскиот ѕид во потполност е урнат дури три години по „падот“, во 1992 година.

berlinski-zid-godisnjica-5ap_f

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“