ВИДЕО: Австралија и Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2015-та година

Од:

Австралиското источно крајбрежје со големо пиротехничко шоу навлезе во Новата 2015 година, пренесоа светските агенции.

Во Сиднеј празнувањето почна три часа пред полноќ со деветминутни фанфари кај мостот Харбур, каде според традицијата жителите на мегаполисот го одбележуваат доаѓањето на Новата година.

Раниот почеток на новогодишното шоу беше планиран заради децата. На полноќ, пак, следеа гласни фанфари со кои беа употребени и тони пиротехнички средства.

Сиднеј3

Приближно 1,6 милиона лица присуствуваа на големата прослава кај мостот Харбур и операта во Сиднеј. Тие се насладуваа на пиротехничкото шоу, во кое преовладуваа тропски мотиви и на небото над градот се појавија огромни огномети во форма на палми.

Сиднеј4

Празнувањето на Нова година, меѓутоа, беше помрачено од споменот за заложничката криза во кафулето на синџирот Линд. На 15 декември ирански екстремист зеде 17 заложници. Неколку часа тој ги држеше во заложништво во кафулето. Кризата заврши со ликвидација на грабнувачот, но и со две невини жртви меѓу заложниците – адвокатка и
барман во кафулето. Тие загинаа додека се обидувале да ги спасат останатите заложници.

Сиднеј2

При денешното настапување на Новата година жителите на Сиднеј ги споменаа двете жртви, оставајќи цвеќе на нивните гробови, на местото на кое загинаа, но и на специјално определено место кај мостот Харбур.

Со слична програма Новата година беше одбележена и во главниот град на Австралија, Канбера, и во мегаполисот Мелбурн.

Источна Австралија Новата година ја дочека три часа откако 2015 година веќе беше навлезена на островите Самоа и два часа по Нов
Зеланд.

На Нов Зеланд празнувањето мина со дожд, но тоа не ги запре десетиците илјади жители и туристи да се веселат во големите градови Велингтон и Кристчарч. Во централниот бизнис кварт на Оукленд за новогодишната „забава на плажа“ беа донесени тони и тони песок.

По Нов Зеланд и Австралија, и Азија се подготвува за дочекот на Нова година.

Рецесијата ќе натера се поголем број Јапонци за новогодишната ноќ да отидат и да се помолат во храмовите за подобра иднина на земјата.

Во Индонезија нема јавни прослави на Новата година заради трагедијата со авионот на авиокомпанијата „Ер Азија“.

Во Малезија, Шри Ланка и на Филипините празнувањата се поматени од катастрофалните поплави и свлечишта, што многу луѓе присилија  да се евакуираат.

Во кинескиот главен град Пекинг празнувањето ќе биде дел од кампањата на градот за добивање на организацијата на Зимските олимписки игри во  2022 година и од тие причини свеченостите ќе се организираат во олимпискиот парк со присуство на мноштво спортисти и културни дејци.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски