Форд вложува 11,4 милијарди долари во производство на електрични возила и батерии

Од:

Автомобилскиот гигант Форд соопшти дека ќе инвестира 11,4 милијарди американски долари во производство на електрични возила и батерии во САД, и притоа најави партнерство со јужнокорејскиот производител на батерии SK Innovation.

Според планот, Форд ќе произведува автомобили и пикапи со нулта емисија на штетни гасови, „прилагодени“ на клиентите и ќе отвори 11 илјади работни места, наведува Би-Би-Си.

Новата фабрика во Тенеси, (Blue Oval City) , ќе се простира на површина од шест квадратни километри и од 2025 година ќе монтира електрични камиони и акумулатори од новата генерација.

Батериите произведени во погоните во Кентаки ќе бидат дел од новите линии на електрични возила Форд и Линколн.

Компанијата веќе ги зголеми инвестициите во производството на електрични возила во погоните во Тексас и Мичиген и планира нов циклус во партнерство со јужнокорејскиот производител на батерии SK Innovation.

Како и конкурентите GM и Stellantis, Форд се надева дека до 2030 година автомобилите со нулта емисија на штетни гасови ќе учествуваат со половина од продажбата.

– Ова е нашиот момент, нашата најголема инвестиција до сега, сакаме да помогнеме да се изгради подобра иднина за Америка, рече претседателот и извршен директор на Форд, Џим Фарли.

– Започнуваме со проект што ќе овозможи најнови електрични возила за сите, а не само на (избраното) малцинство, додаде Фарли.

Електричните возила се уште се ретка појава на патиштата во САД, сочинувајќи само два проценти од глобалната продажба минатата година, потсетува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Форд ќе укине 3.200 работни места во Европа

А1он

Вработените во „Форд“ ќе работат од дома до јуни 2021 година

Ана Ололовска

Форд затвора 7.000 работни места

„Форд“ во Чикаго инвестира една милијарда долари и отвора 500 работни места

Форд ќе отпушти илјадници работници во Европа

Наум Локоски

Форд купи фирма за изнајмување електрични тротинети

Ана Ололовска