Фон дер Лајен за првпат проговори за инцидентот со каучот во Анкара: Нема оправдување

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, за првпат се огласи јавно по инцидентот во Анкара кога остана без седиште, оценувајќи дека единствена причина за тоа е фактот што е жена.

Иако досега претседателката се изјаснуваше на оваа тема строго преку нејзините портпароли кои бараа да се стави фокусот на содржината на нејзината посета заедно со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел во Турција, таа денеска пред европратениците го сподели своето лично чувство и ја искористи приликата да побара повеќе од ЕУ за еднаквоста меѓу мажите и жените.

– Јас сум прва жена претседателка на Европската Комисија. Јас сум претседателka на Европската Комисија и така очекував да бидам третирана и во Турција. Но тоа не се случи и нема никакво оправдување за ова во повелбите на ЕУ. Ова се случи затоа што сум жена. Ги видов фотографиите од претходните посети на претседателите на Комисијата и немало никогаш недостаток на места за седење, изјави фон дер Лајен попладнево на пленарната седница на Европскиот Парламент, каде заедно со Мишел тие реферираат за инцидентот и за политиката кон Турција.

Пред неа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, зеде збор, и се извини за инцидентот. Тој се оправда со тоа што протоколарните служби немале пристап до салата пред средбата, дека не биле запознаени со распоредот на седиштат. Што се однесува до фактот дека тој, како што се гледа на снимката од овој инцидент, седна покрај турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, без да се побуни за Фон дер Лајен, Мишел порача дека тоа го сторил за да не направи “поголем инцидент“.

Претседателката на Европската Комисија се чини не го прифати ниту денес неговото објаснување и пред Европскиот Парламент истакна дека овој инцидент не се сведува на седишта, туку е нешто што ја допира Европската Унија во нејзините основни вредности.

-Ова покажува уште колку многу ни е потребно за да постигнеме вистинска еднаквост. Јас сум во привилегирана позиција и на висока функција претседател на почитувана институција. Како лидер можам да проговорам. Но што е со милионите кои не можат? Оние кои немаат моќ ниту функција да проговорат?, праша фон дер Лајен.

За шефицата на европската извршна власт не е изненадување што снимките од Анкара ја шокираа европската и светската јавност.

-Илјадници инциденти се случуваат без никој да ги забележи затоа што таму нема камери и никој не обрнува внимание, но и тие треба да бидат раскажани и откако ќе бидат раскажани, треба да се преземе нешто конкретно, повика фон дер Лајен.

Истанбулската Конвенција за заштита од насилство на жените и децата е една од најмоќните алатки за ова, потсети претседателката. Од оваа конвенција се повлече Турција, но таа не е уште потпишана ниту во сите земји на ЕУ, додека други размислуваат и тие да се повлечат.

-За да бидеме кредибилни мораме дома да делуваме. Секое насилство против жените и децата е злосторство и како такво треба да се третира и затоа јас сакам Европската Унија да се приклучи кон Истанбулската Конвенција, но бидејќи ова приклучување е блокирано ќе поднесам до крајот на оваа година ново законодавство за броба против насилството брз жените и децата онлајн и офлајн, најави фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија