Фон дер Лајен: Во Европа зимава никој нема да смрзне

Од:

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во интервју за австрискиот дневен весник „Курир“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенси и нагласи дека никој во Европа оваа зима нема да замрзне.

Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и подели Европа со испораките на енергенси, објаснува Фон дер Лајен во интервјуто

„Тој повторно ќе доживее неуспех“, посочи таа, додавајќи дека планот за штедење на Европската комисија содржи „заштитна мрежа за сите членки“.

Фон дер Лајен нагласи дека никој во Европа зимава нема да смрзне.

Со предлогот на Комисијата за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 август до 31 март, објаснува таа во интервјуто за „Курир“, можно е безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија.

Кога станува збор за нормализирање на односите со Русија, таа нагласи дека „нормален однос со Путин е незамислив“.

„Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, и покрај тоа, Путин почна варварска војна. Тоа прекршување на нашиот мировен поредок е тешко“, нагласи таа.

Фон дер Лајен наведува дека ЕК со загриженост ги следи последиците од високите цени на енергенсите и додава дека на располагање има голем број можни контрамерки.

Таа ја отфрла можноста за суспендирање на поддршката на ЕУ за Украина.

„Во Украина тоа не е ништо помалку од зачувување на европската мировна архитектура“, објасни таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки