Фон дер Лајен во Будимпешта на средба со Орбан заради предложеното ембарго за руска нафта

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска отпатува во Унгарија за да се сретне со премиерот Виктор Орбан, кој ги проблематизира плановите на Брисел за ембарго на руската нафта.

– Тие ќе разговараат за прашања поврзани со европската безбедност на снабдувањето со енергија, рече Ерик Мамер, портпаролот на Фон дер Лајен.

Унгарија се потпира на руската нафта од еден нафтовод и Орбан предупреди дека не може да го одобри предложениот шести пакет санкции на Европската комисија против Москва. Тој рече дека предлогот на Европската Комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија, додавајќи дека Унгарија е подготвена да преговара доколку види нов предлог што ќе биде во согласност со унгарските интереси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Ние сме посветени да продолжиме да вршиме притисок врз Кремљ

Горан Наумовски

Урсула Фон дер Лајен: Колапсот на Украина ќе ги ослаби и САД и Европа

Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

А1он

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Кавгата меѓу Зеленски и Орбан предизвика руска реакција

Катерина Ѓуровски

Ердоган и Фон дер Лајен: Се согласуваме за потребата од зачувување на суверенитетот на Сирија

А1он