Фон дер Лајен предупредува на „последици“ за италијанските десничарски партии

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави последици за Италија доколку десничарските партии во земјата ги прекршат демократските принципи доколку победат на изборите.

Таа ова го изјави одговарајќи на студент на американскиот универзитет Принстон која ја праша дали е загрижена за изборите во Италија во однос на врските на некои од кандидатите со рускиот претседател Владимир Путин.

– Ако работите одат во тешка насока – веќе зборував за Унгарија и Полска – тогаш имаме алатки, рече таа.

Канцеларијата на Фон дер Лејен веќе покрена голем број таканаречени прекршочни постапки против двете земји и исто така поднесе жалби пред Европскиот суд на правдата, потсетува ДПА.

Матео Салвини, шеф на екстремно десничарската популистичка партија Лега, револтирано реагираше на коментарот на Фон дер Лајен, нарекувајќи го „излитена закана“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага