Фон дер Лајен одговори на критиките за еврокомесарот Вархеји

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека го поддржува комесарот за проширување Оливер Вархеји, но истакна дека тој не одлучува сам за политиките во Комисијата.

По критичкиот напис објавен во европскиот Политико за еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во кој се наведува дека тој ја фаворизирал Србија и се обидел да изврши непринципиелен притисок врз Северна Македонија во спорот со Бугарија преку одвојување од Албанија, претседателката на Европската Комисија вчера од Словенија одговори на овие наводи.

На новинарско прашање на оваа тема, Урсула фон дер Лајен изјави дека таа целосно ги поддржува сите членови на нејзината Комисија, но додаде и дека работата на Европската Комисија во проширувањето не се сведува само на комесарите туку и на тимовите на вработените во генералните директорати на институцијата кои, како што рече, со години го следат напредокот во земјите од Западниот Балкан.

Таа нагласи и дека Србија има уште многу работа во делот на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Фон дер Лајен: Трагедија во срцето на Украина, тагуваме со вас

А1он

Лајен: Иранската револуционерна гарда треба да се стави на листата терористички организации

А1он

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Вархеји: ЕУ направи пакет од 2,5 милијарди евра за енергетска помош на регионот

А1он

Вучиќ ќе ја разгледа одлуката да оди во Тирана, Вархеjи со порака – Србија ни е потребна

А1он